Во Кина притвор за оние кои ги кријат симптомите на коронавирус и одбиваат карантин

од Aleksandar Petrovski
161 прегледи

Голем број луѓе во Кина завршуваат во притвор бидејќи одбиваат да бидат во карантин или намерно кријат дека патувале во области погодени со коронавирус.

Во севернозападната покраина Џингхај полицијата соопшти дека еден работник, инаку мигрант, е под истрага поради сомнеж дека ја загрозил јавната безбедност со тоа што намерно прикривал дека патувал во Вухан, пренесуваат кинеските медиуми.

Според полицијата, тој ги прикривал симптомите на вирусот, грозница и кашлање, доаѓал во контакт со соседите, а премолчил и дека со него во Вухан бил и неговиот син.

Потврдено е дека двајцата имаат коронавирус и се наоѓаат во карантин.

Во текот на минатата недела забележани се слични случаи и во други кинески покраини.