
Судот во Косово одлучи да го лиши од слобода Бранимир Глигориевич за српскиот грб со четири букви “Ц” на неговата зимска јакна. Бранимир и неговиот татко се едни од ретките кои се вратиле во областа по конфликтот од 1998 и 1999 година во Косово како српски бегалци и живеат во село Новак крај Призрен. 
“Не ми е јасно зошто го уапсија мојот син. Тој замина за Призрен, за да купи производи, а исто така да помогне за одржување на храмот “Св. Георги “, изјави таткото Бранко Глигориевич.
Адвокатите на уапсениот ќе поднесат жалба пресудата, бидејќи казната, дури и по косовските закони, можеше да се ограничи до парична казна.