Во Мадрид повторно пристигнува трофејот: Реал против Атлетико за титулата на суперкупот

од desk2

На A. Le Coq Арената во Талин, вечерва од 21 часот ќе се игра мечот од Суперкупот во кој се состануваат мадридските тимови Реал , како шампион на Лигата на шампиони, и Атлетико, како освојуваќ на Европската лига.

Ќе биде тоа нов почеток за Реал, влез во нова ера, во која ги нема Кристијано Роналдо ни Зинедин Зидан.

Времето брзо поминува, па не е тешко да се сетиме на денот кога Кристијано Роналдо за рекордни 93 милиони евра стигна на „Сантјаго Бернабеу“. Очекувањата беа астрономски, но Роналдо ги надмаши и остави цел арсенал нови трофеи за Реал, ордени и рекорди.

Во се му помогна и Зинедин Зидан, а кога ќе се спомне овој генијален Французин, уште повеќе до ираз доаша брзината со која денеска живееме, затоа што навистина неверојатно делува дека Зидан стигна да освои три наслови на Лигата на шампиони со Реал, а како вчера да стигна на клупата.

Но, Реал нема време да размислува за тоа. Вечерва се бори за нов трофеј. А барем Реал е секогаш гладен за трофеи. Ќе видиме колку е подготвен за нив. Хулен Лопетегуи наследи победници, но неговата задача не е ни малку лесна. Посебно кога непрестано се зборува за заминување на Лука Модриќ.

Ако некој знае да демне во таква ситуација, во која противникот има неколку прашања на кои бара пдговр, тоа сигурно е Атлетико. Јорганџиите продолжуваат во иста насока, онаа која им ја наметна Диего Симеоне. Како такви ќе дадат се од себе да го урнат најголемиот ривал, без оглед на тоа што европскиот Суперкуп не е настан кој носи голем притисок. Но, трофеј е трофеј.

Оваа средба е историска, затоа што никогаш порано не се случило Суперкупот да го играат тимови од ист град.

Реал како шампион на Лигата на шампиони, го доведе Алваро Одриозол, голманот Тибаут Куртоа и крилниот играч Винициус Јуниор.

Атлетико својот тим го надгради со Томас Лемар, Галсон Матинез, Родри, Никола Калиниќ и Санјаго Ариас.

Реал со победа би станал првиот тим кој освоиј три последователни Суперкупа,и би се изедначил со Милан и Барселона, по бројот на освоени европски купови (5).

Атлетико до сега два пати (2010 и 2012) играл во евроспкиот Суперкуп и двата пати излегувал како победник.

Мечот Реал и Атлетико кој почнува вечерва во 21 часот може да го проследите на каналот Арена Спорт.

Слични содржини