Во Манастирот во Рајчица почнаа да се делат Божикните пештери

од desk2
977 прегледи

На првиот ден од Божикниот пост преку кој до 7-ми јануари, православните верници се подготвуваат за достојно да го пречекаат Божик, денеска први гости во Манастирот во Рајчица каде што веќе со години наназад токму на овој ден почнуваат да седелат Божикните пештери како еден од главните симболи на празнувањето, беа Даниел Кајмаковски со сопругата Христина и синот Давид, и Димитар Андоновски со сопругата Христина и синот Михаил.


Дочекани од сестрите во Манастирот, чија главна грижа во овој период од годината, е да снабдат што повеќе домови и институции со еден од најубавите симболи на празникот – Божикната пештера, Даниел, Димитар, и нивните семејства се придружија на поголемата група деца од Охрид и Скопје, кои редовно доаѓаат да помагаат во декорирањето на пештерите.

Ова е само првата од многуте активности кои претстојат во периодот што следи. Подготовката на Божикните ѕвезди е следната активност на сестрите во Рајчица, потпомогнати од многу пејачи, актери, водители, спортисти и други јавни личности.

Ќе биде презентирана и сликовницата што специјално е подготвена за овој Божик, а групи деца ќе учествуваат и во претстојните Бадникови поворки кои на 6-ти јануари ќе ги обиколуваат улиците на голем број градови во Македонија, како и учењето на древната православна традиционална песна „Вечниот Бог“ во друштво на најпознатите пејачи од забавната музика./MIA