Во Нов Зеланд прв локален случај на ковид по шест месеци

од Stefanija Kuzmanovska

Нов Зеланд денеска го пријави својот прв локален случај на ковид-19 за шест месеци, откако едно лице беше тестирано во Оклaнд.

Последниот пријавен локален случај на ковид-19 во Нов Зеланд беше во февруари, а регионалните здравствени служби во Окланд ја испитуваат поврзаноста со границата и контактите на ова лице со цел да утврдат дали имало повеќе локални преноси на инфекцијата.

Според државната телевизија, премиерката Џасинда Ардерн побрзала да се врати во главниот град Велингтон од Окленд за да присуствува на владиниот состанок денеска, на кој треба да се одлучи за следните чекори, за што подоцна ќе ѝ биде соопштено на јавноста, пренесува „Ројтерс“.

Нов Зеланд имаше навремен и силен одговор на почетокот на пандемијата, што му помогна практично да го елиминира ковид-19 во земја во која луѓето живеат без ограничувања, но со ситуација меѓународните граници да се претежно затворени.

Земјата објави вкупно околу 2.500 потврдени случаи на коронавирус и 26 поврзани смртни случаи.

Слични содржини