Во обид да ја надитри смртта Британец ќе плати за да му ја пресечаат и замрзнат главата

од desk3
68 прегледи

Во обид да ја надитри смртта, Британецот Ди Џеј Макленан ќе се подложи на скапа операција, при која ќе му пресечена главата и ќе гио замрзнат неговиот мозок, пишува “Дејли мирор”.

За време на чудната постапка која чини 40 илјади фунти, мозокот на самопрогласениот футурист ќе биде спакуван во полиетилен и ставен во контејнер.

glava

Кога ќе почине, телото на Макленан ќе биде исполнета со антифриз и ќе биде потопено во ледена вода. Спакуваниот мозок ќе биде ставен во алкохол и затрупан со 120 килограми мраз во изолиран контејнер од фиберглас. Потоа тој ќе биде испратен во пустината во Аризона, каде му претстои замрзнување во течен азот. Таму мозокот на починатиот ќе треба да дочека науката да се развие за да биде разбуден за нов живот. Целата постапка во САД чини 75 илјади долари, но Макленан од шкотскиот остров Скај ја избрал поевтината опција – нискотемпературно замрзнување само на неговиот мозок.
Ди Џеј Макленан ќе раскаже за идниот експеримент во октомври на форум во Шкотска. “Ние веќе не фрламе органи, туку ги донираме, тогаш зошто да фрламе мозоци?”, прашува реторички Макленан. Според него било бесмислено луѓето да бидат погребани во земјата, каде ќе се распаднат.