Во овие хороскопски знаци се родени најстраствените мажи

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Ако сте разочарани што нема доволно страст во вашата врска, можеби треба да дадете шанса на партнер кој е роден во еден од следните хороскопски знаци.

Ова се најстраствените мажи во хороскопот:

Лав

Мажите Лав се владетели и освојувачи на светот, родени да бидат лидери и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Ако им се допаѓа жена, ќе ја искористат сета своја харизма за да ја заведат. Страста е како театар каде секој има своја улога и костим. Лавот никогаш нема да дејствува директно и спонтано, сè ќе биде осмислено. По природа, мажот Лав нема да се бори за моќ или да ја демонстрира својата супериорност над ривалот, не, тој мирно ќе гледа како неговата сакана полека, но сигурно ја губи главата по него.

Овен

Со маж роден во знакот Овен, тешко може да се пожалите дека страста ја напуштила врската, бидејќи е невозможно да се изгасне вечниот оган во нивната душа. Страста и провокацијата одат рака под рака со Овенот и колку поемотивно реагира жената на неговите постапки, толку повеќе тој цвета. Со таков маж е тешко да се постигне рутина и монотонија. Огнот на страста го фрла Овенот од една крајност во друга: еден момент полудува од љубомора, а во следната секунда брза со вас да го пречека зајдисонцето. Предлози за брак пред огромен број луѓе, страстен секс по жестока расправија, тоа го гарантираат мажите Овен.

Скорпија

Одлучните и самоуверени Скорпии знаат дека жените, откако ќе паднат во нивната мрежа, никогаш нема да сакаат да излезат од неа. Мистично привлечните и секси Скорпии можат да разбудат страст и кај најстудената жена. За нив, колку е потешка задачата, толку е поинтересна. Жената која е во врска со маж Скорпија дефинитивно ја губи главата, подлегнувајќи на нивната сензуална игра. Мажите со овој знак не сакаат никого да слушаат, па затоа секогаш остануваат на врвот на својата игра.

Слични содржини