Жак Одиар добива “Цезар” за најдобра режија за филмот “Браќата на сестрите”, а Ксавие Лeгран добива признание за најубавиот филм.
Ксавие Лeгран е најодликуван. Неговиот филм, “Старателство”, го доби “Цезарот” за најубавиот филм на вечерта, пишува француски “Лo Поан”. Со тоа долгометражниот филм доби четири награди “Цезар”, вклучително и за најдобра актерка, доделена на Леа Друкер. Режисерот на филмот за домашно насилство, изјави на свеченото отворање, дека “време е да помислиме” за жртвите “на ден, различен од 25 ноември”, Меѓународниот ден за борба против насилството меѓу жените. Филмот се одликува со “Цезар” за најдобра монтажа и најдобро сценарио.
Леа Друкер е крунасана за најдобра актерка за улогата на кревка, но смела мајка во филмот на Ксавие Легран. 47-годишната актерка сакала да се спротивстави на насилството и да ги испочитува жените кои се наоѓаат во положбата на Миријам, хероината на филмот, како и на активистките-феминистки.
66-годишниот режисер Жак Одиар доби “Цезар” за најдобар режисер за филмот “Браќата на сестрите”, француско-американска продукција со Јоаким Финикс, Џејк Гиленхал и Џон Рејли. Повеќекратно наградуваниот режисер има добиено и два Цезари за режија.
Алекс Лутц ја доби наградата “Цезар” за најдобар актер за улогите во филмот “Ги”. Лутц “се остарува” 30 години, за да го одигра ликот.
За време на 44-та церемонија за доделување на наградите на Француската академија за филмско остварување, со почесен “Цезар” беше дочекан американскиот актер Роберт Редфорд.