Во понеделник во Брисел средба Коѕиас-Нимиц

од desk2
83 прегледи

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во понеделник во Брисел ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц. Ова денеска официјално го соопшти грчкото МНР, без други детали за средбата.

Коѕиас во интервју пред неколку дена за грчката телевизија Антена не одговори на новинарско прашање кои се црвените линии на грчката Влада во спорот за името.

– Во понеделник ќе одам на преговори и би било голема грешка од моја страна да се произнесам на еден јавен настап неколку дена претходно, рече тогаш шефот на грчката дипломатија.