Во пораст новогодишните сообраќајки – Вкупно 14 изминатите 24 часа во Скопје

од Vladimir Zorba
65 прегледи

 

Прославите пред новогодишните празници се во тек ,и главното предупредување е славете но возете се со такси, или ако пиете не возете автомобил. Алкотестовите сега ке бидат интензивирани.

Пет лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно 14 сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во десет е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 27 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 50 непрописно паркирани возила.