Во пожар изгореа три возила на Бит-пазар

од Nikola Popovski

Утринава три возила биле опожарени во близина на Бит-пазар, известија од полицијата. Како што појаснуваат, предизвикана е само материјална штета.

Настанот бил пријавен во три часот утрово.

-На 08.05.2023 во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, информираа од МВР.

 

Слични содржини