Во пожар под Скопско кале зафатени пет автомобили, при крај интервенцијата на пожарникарите

од Vladimir Zorba

Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

Интервенцијата на пожарникарите е при крај.

Пожарот е локализиран и спречено е ширење на соседните возила. Причинета е само материјална штета.

Слични содржини