– Светски ден за здрава вода.
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се водеше меѓу македонскиот цар Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на цар Самуил беше целосно поразена, а тој се спаси со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај цар Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоеше 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.

1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач на Библијата Вилијам Тиндејл по наредба на кралот Хенри Осми беше запален.
1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта “Евридика”, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.
1767.- Роден е хаитскиот државник од африканско потекло Хенри Кристоф, доведен од Гренада како роб на Хаити, каде на крајот од 18. век се вклучи во побуната против Французите. По дворскиот пуч во 1806 година во кој и тој учествуваше, и по суровото убиство на царот Жан Жак Десалин, кој исто така беше роб, во 1807 година стана претседател на Хаити, а во 1811 година се прогласи за цар.
1773.- Роден е францускиот крал Луј Филип, наречен „Кралот граѓанин“ кој владееше од 1830 до 1848 година. Тргнат е од престолот во Февруарската револуција во 1848 година кога е прогласена републиката, а умре во 1850 година.
1887.- Роден е францускиот архитект и теоретичар од швајцарско потекло Шарл Едуар Жанре, познат како Ле Корбизје, еден од најголемите архитекти на 20. век.
1891.- Умре ирскиот политички водач и национален борец за автономија Чарлс Стјуарт Парнел, кој внесе нови методи во борбата против Англичаните. Во 1875 година стана член на британскиот парламент каде ги започна опструкциите во законодавното тело со истовремена блокада на теренот. Во 1881 година иако беше затворен управуваше со борбата на ирските националисти.
1892.- Умре англискиот писател Алфред Тенисон кој пишуваше необично мелодични стихови. Дела: поемите „Кралевски слики“, „Принцеза“, елегијата „Ин мемориам“ и голем број лирски песни.
1903.- Роден е ирскиот физичар Ернест Томас Синтон Волтон, еден од пионерите на нуклеарната физика. Во 1929 година заедно со Џон Даглас Кокрофт го развија првиот атомски акцелератор, а во 1951 година ја поделија Нобеловата награда за физика.
1908.- Австроунгарија го објави декретот за анексија на Босна и Херцеговина. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор во 1878 година Турција и призна автономија на Босна и Херцеговина, но на конгресот во Берлин се ревидирани одредбите на овој договор. Така, со член 25 на Австроунгарија и беше одобрено правото да ја заземе и да управува со Босна и Херцеговина. Оваа одлука предизвика голем отпор кај босанско-херцеговското население и дури по четири месеци борби, во кои учествуваа 200.000 австриски војници, овој отпор е скршен. Сепак народот никогаш не се помири со анексијата која во 1914 година доведе до почетокот на Првата светска војна.
1914.- Роден е норвешкиот етнолог и истражувач Тор Хејердал, кој во 1947 година ја предводеше шестчлената експедиција „Кон-Тики“, пловејќи со сплав околу 9.000 километри помеѓу Перу и пацифистичките острови Туамату близи Тахитија.
1915.- Бугарија се вклучи на страната на Централните сили во Првата светска војна.
1927.- Во филмот „Џез пејач“ со глумицата Ал Џонсон, кој премиерно беше прикажан во Њујорк, првпат се слушна глас на глумец, со што беше означен почетокот на ерата на звучниот филм.
1930.- Роден е сирискиот државник и генерал Хазеф ал Асад, кој на власт дојде во 1970 година. Во 1971 година стана претседател на Сирија.
1937.- Друштвото на народите ја осуди агерсијата на Јапонија врз Кина.
1943.- Кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, загина Јосиф Јосифовски – Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинаа и повеќе од 70 партизани. Роден е во Гевгелија, на 2 август 1914 година.
1943.- Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
1944.- Во селото Прждево, Неготинско, влегоа германските фашисти и почнаа да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден крена во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелаа 21 невино лице и својот крвав поход го завршија во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелаа 39 луѓе.
1972.- Во железничка несреќа кај мексиканскиот град Салтиљо загинаа најмалку 208, а беа повредени повеќе од илјада луѓе.
1973.- Со заедничкиот напад на Египет и Сирија врз изреалските позиции на источниот брег на Суец и на Голанската висорамнина изби „Јом Кипур“ војната, четврта по судирот на Израел со Арапите. Војната заврши на 22 октомври со резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации.
1976.- Воената хунта во Тајланд ја собори владата на Сени Прамод, а војската на универзитетот во Бангкок масакрира голем број студенти.
1981.- Во Каиро, за време на воената парада е убиен египетскиот претседател Анвар ел Садат.
1989.- Умре американската глумица Бет Дејвис. Сними повеќе од 80 филмови и оствари голем број драмски улоги, воглавно играјќи несреќни и зли жени. Филмови: „Опасна“ (Оскар), „Џезабел“ (Оскар), „Мали лисици“, „Елизабета и Есекс“, „Хуарез“, „Што се случи со Беби Џејн“, „Се за Ева“, „Свадбен ручек“.
1989.- Тајфунот „Анѓела“ на филипинскиот остров Лузон усмрти најмалку 108 луѓе.
1991.- Во Белград допатува синот на последниот југословенски крал 46-годишниот принц Александар II Караѓорѓевиќ. Со звуците на химната “Божја правда” и традиционалниот пречек со сол и леб, и грутка земја, принцот со семејството беше пречекан од одборот за пречек на чие чело е Душан Ковачевиќ. Принцот Александар изјави: “Дојдов со надеж дека моето доаѓање ќе придонесе за мирот во оваа земја”.
1991.- Индонезиски воен авион удри во владината зграда во Џакарта, усмртувајќи 102 и повредувајќи повеќе од 5.000 луѓе.
1996.- Во Скопје, на локалитетот „Средно Водно“, е осветен камен-темелникот на новата црква „Раѓање на Пресвета Богородица“.
2001.- Умре Петар Серафимов, еден од првите членови – основоположници на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Градежниот факултет во Скопје. Роден е во Охрид, на 28 мај 1915 година.
2014.- Американецот Џон О’Киф, кој работи во Велика Британија, и норвешката двојка Меј-Брит и Едвард Мозер се годинешните лауреати на Нобеловата награда за физиологија и медицина. Наградата им се додели за нивните откритија за клетките, кои го прават позиционирачкиот систем во мозокот. Научниците ја истражуваат клеточната биологија на главниот мозок. Половина од наградата му е доделена на Џон О’Киф, а останатата половина ја делат Меј-Брит и Едвард Мозер.