Во првиот час од гласањето набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

од Берта Китинска

Набљудувачите на граѓанската организација ЦИВИЛ, утрово информираа дека регистрирани се неколкуте регистрирани нерегуларности на самото отворање на гласачките места.

-Во ИМ 836 во Кочани ќе забележано групирање на гласачи без почитување на мерките за заштита, додека во ИМ 2873 во Општина Чаир членовите на избирачкиот одбор не ги почитувале овие мерки.Во Кочани е регистриран и обид за семјно гласање, кој како што велат од ЦИВИЛ бил спречен од избирачкиот одбор.На ИМ 2042 во Брвеница имало неовластено присуство на лице кое се преттавило дека е набљудувач на политичка партија, но немал овластување за тоа. Притоа, како што соопшти Дерала настанала мала тензија, но проблемот е што двајца од членовите на избирачкиот одбор му даваат поддршка на ова лице.Набљудувачите на ЦИВИЛ утрово биле на 200 избирачки места и сите биле отворени навреме, уредно и прописно, изјави Џабир Дерала на прес-конфернцијата нешто после 8 часот

Во врска со изминатата ноќ, Дерала рече дека се забележани голем број случаи на кршење на изборниот молк и на терен и на социјалните мрежи од како како што рече познати и непознати сторители, иако според материјалите се препознаваат.

 

Слични содржини