Во Романија претреси на неколку локации во истрагата за незаконското финансирање на изборите

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Романското обвинителство денеска нареди претрес на неколку објекти како дел од истрагата за можно незаконско финансирање на претседателските избори во Романија, еден ден откако Уставниот суд ги поништи резултатите од првиот круг од изборите поради обвинувањата дека Русија наводно се мешала во нивното одржување .

Обвинителите не го именуваа кандидатот чиј имот бил предмет на претресот, но посочија дека денеска биле извршени три претреси во градот Брашов во централна Романија, пренесе Ројтерс.

Нагласено е дека претресите биле насочени кон еден кандидат поради сомневање дека неговата кампања е финансирана со средства кои можеби биле незаконски стекнати.

Слични содржини