Во сенка на смртта на Пригожин се случи сензација: Украинската војска пристигна на Крим (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската одбранбена разузнавачка служба во четврток наутро во соработка со морнарицата изврши истоварање на територијата на привремено окупираниот Крим. Оваа информација за украинските медиуми „Хромадска“ и „Суспилна“ ја потврдил Андриј Јусов, претставник на Одбранбената разузнавачка служба на Украина.

„Во рамките на специјалната операција беше извршен десант на полуостровот. Одбранбената разузнавачка служба на Украина во соработка со морнарицата изврши специјална операција, ја постигна целта, а меѓу персоналот немаше жртви. Специјалната операција продолжува, не ги откриваме сите детали, има загуби во живата сила на непријателот, како и во сили и средства. Податоците за бројот на жртвите се уште се собираат“, изјави кусо Јусов.

Видеото од истоварањето беше објавено и на социјалните мрежи на ГУР на министерството за одбрана на Украина.

„Ноќта на 24 август беше одржана операција на ГУР на министерството за одбрана на Украина за поддршка на морнарицата во привремено окупираниот Крим. Специјални единици на пловни објекти пристигнаа на брегот во реонот на населбите Оленивка и Мајак“, стои во пораката објавена на Фејсбук.

Слични содржини