Во Штип за 10 дена фати две групи дрвокрадци

од Берта Китинска
195 прегледи

Припадниците на шумската полиција деновиве откриле две групи дрвокрадци во близина на Штип, кои за транспорт на огревното дрво користат стари возила без регистерски таблички.

Надлежните од Подрачната единица на шумската полиција од Штип до МИА испратија фотографии од двете акции, од кои едната се случила на 3 април во 21 часот за време на полициски час во месноста Суитлак.

-Од правец на Струмина чешма кон Штип се заловни две лица, како со патнички моторни возила „лада самара“ и „југо“ превезуваат ореови дрва сечени за огрев во количина од 0.7м/3. Од увидот кој е извршен од страна на шумска полиција Штип е констатирано дека дрвата се нежигосани и за истите не поседувааат документ за превоз. Возилата и дрвата се одземени, а во едно од возилата е пронајдена и моторна пила, со која го сториле прекршокот. Моторната пила е одземена, а на прекршителите им се поднесени соодветни прекршочни пријави пред Основниот суд во Штип, велат од Шумската полиција-Штип.

Втората акција е спроведена во близина на селото Никоман. При редовна контрола шумските полицајци затекнале автомобил „лада рива“ и во моментот кога е забележано службеното возило на шумската полиција, лицата се дале во бегство во непознат правец.

– По кратка потера, лицата не се пронајдени, а од извршениот увид на лице место констатирано е дека до автомобилот има исечено дабови дрва во количина од 2м/3, а во возилото натоварено 0.7м/3 кои требало да се превезат до Штип. Поради ова одземено е патничко моторно возило и поднесена е пријава за непознати сторители, велат надлежните од Шумската полиција.

Тие најавуваат интензивни контроли и во наредниот период и ги предупредуваат граѓаните дека секој што ќе биде фатен во нелегална сеча, ќе биде санкциониран.

Слични содржини