Граѓаните од 1 јануари годинава ќе можат да плаќаат или примаат пари во кеш само во вредност од 60 илјади денари или 1.000 евра. Сè што е над оваа сума ќе мора да помине преку банкарска сметка.
Во јуни лани стапи во сила одредбата на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

„Ние веќе имавме подготвено измени кои веќе поминаа во Собранието и се во сила каде што се лимитира, ограничува практично плаќањето во кеш и тоа е добро бидејќи тоа значи дека државата ќе има многу поголема контрола“, рече Драган Тевдовски, министер за финансии.
Сепак, во голем дел од трговските објекти, но и државните институции нема услови за електронско плаќање, односно може да се плати само во кеш.
„Јас се согласувам добар дел од јавните институции веќе почнуваат да обезбедуваат вакви услуги и нашата стратегија којашто е заедно со Народната банка содржи елементи како да се подобри тоа во јавните институции“, додаде министерот Тевдовски.
Со европската директива која е внесена во нашиот закон, прагот е поставен на 10.000 евра, но нашата Влада одлучи многу повеќе да го намали овој праг поради поголема контрола на плаќањата. Промените во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам веќе шест месеци се во сила, па денеска без картичка да не може да се купи на пример поскап телевизор, а од средината на годината ниту некој поевтин продукт.
Извор: Алсат