Во сиромашните земји само секој десетти човек може да се надева на вакцинација до крајот на 2021 година

од Vladimir Zorba

Богатите земји купиле доволно вакцини за Ковид-19 за да можат да направат тројна имунизација на нивната популација, соопшти Алијансата за вакцини, предупредувајќи дека земјите во развој заостануваат во глобалната трка за крај на пандемијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Во 67 сиромашни земји, само секој десетти човек може да се надева на вакцинација до крајот на 2021 година, се наведува во извештајот.

Во развиениот свет, каде што обезбедувањето доволен број вакцини започна во првите месеци од пандемијата, тие имаат вишок вакцини. Земјите кои имаат само 14 проценти од светската популација веќе обезбедија повеќе од половина од достапните вакцини.

Алијансата за вакцини ги повика фармацевтските компании да ја споделат својата технологија и интелектуална сопственост со Светската здравствена организација, а владите да испраќаат вакцини во земјите во развој.

Групата Алијанса за народна вакцина се состои од неколку хуманитарни организации, како „Амнести Интернешнл“, „Глобал џастис нау“ и други.

Слични содржини