При спроведени контроли во областа на сообраќајот од страна на скопскиот Секторот за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, информира МВР.
Од вкупниот број санкционирани возачи, 73-ца се казнети поради возење со брзина поголема од дозволената, 12-мина поради управување возила без возачка дозвола и деветмина за вградени затемнети стакла.
– Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), се додава во соопштението.
Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесеме за посигурни патишта.