Во Скопје балканското првенство во пинг понг за кадети и за јуниори

од Vlatko K
100 прегледи
Скопје подготвено за организаци
Од 12 до 16 јуни во Скопје во СЦ Форца, ќе се одржи 27-то Балканското првенство во пинг понг за кадети и за јуниори. Околу 150 играчи од 12 држави ќе учествуваат на досега најмасовното балканско првенство во пинг понг за млади играчи.
За титулата балкански првак ќе се борат играчите од Романија, Турција, Бугарија, Србија, Словенија, Грција, Италија,Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија.
Квалитетот на играчите кои доаѓаат од пинг понгарските веле сили на балканот, Романија, Турција, Бугарија, Србија… ветува квалитетни натпревари и се гаранција за интересни поени за публиката на трибините во СЦ Форца.
 Од финалните натпревари обезбеден е пренос на каналот на Македонскиот олимписки канал.
 Нашата државна репрезентација ќе учествува со 14 натпреварувачи од кои осум во јуниорска конкуренција (четири јуниори и четири јуниорки) и шест кадети (три кадети и три кадетки)
Свеченото отворање на манифестацијата е во среда на 12 Јуни со почеток во 9 часот. Балканското првенство за отворено ќе го прогласи градоначалникот на град Скопје   Петре Шилегов.
Првенството завршува во недела на 12 Јуни во 14 часот и 30 минути за кога е предвидена церемонијата за доделување на медалите за победниците во поединечна конкуренција.
 Првенстото за нашата пинг понгарска федерација претставува генерална проба на организациски план за ИТТФ турнирот за јуниори и кадети  кој ќе се одржи во Скопје од 8 до 12 Октомври.