Во Скопје казнети над 40 возачи за брзо возење

од Берта Китинска
245 прегледи

42 возачи добија казни од сообраќајната полиција поради брзо возење, а вкупно казнети биле 191 возач во Скопје. МВР продолжи со засилените контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 191 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, 11 санкции за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник.  Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас и 68 санкции за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.

Слични содржини