Во Скопје самит на Глобалниот парламент на градоначалници

од Vladimir Zorba

Во Скопје денеска се одржува самит на Глобалниот парламент на градоначалници 2023. Тема на самитот, на кој е најавено присуство на околу 150 градоначалници од целиот свет, е „Моќни, ангажирани и хумани градови: Обезбедување демократија и развој за идните генерации“.

Како што информираат од Град Скопје, самитот ќе го отвори градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а се очекува да се обратат и претседателот Стево Пендаровски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир и генералниот секретар на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Матие Мори.

Претседателот Стево Пендаровски вчера ги прими членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, кои престојуваат во земјава по повод одржувањето на самитот.

Градоначалниците го информирале претседателот Пендаровски за нивните очекувања и темите на дискусија на овогодинешниот самити истакнале дека целта на овој меѓународен собир е да ја поддржат и зајакнат улогата на градовите и локалните лидери во обезбедувањето на подобар, подемократски, поодржлив и поинклузивен свет за граѓаните.

Слични содржини