Во Скопје вчера од сообраќај исклучени пијан возач, двајца без дозвола и едно нерегистрирано возило

од Берта Китинска
175 прегледи

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на преземени мерки и активности од сообраќај се исклучени еден пијан возач, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано.

Санкциониран е и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, соопшти денеска МВР.

Во однос на пешаците санкционирани се 23 пешаци.

Во текот на изминатиот ден 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак”

Слични содржини