Вкупно 273 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во Словенија до 14 часот во вторникот, а вкупно 7587 се тестирани досега, објави словенечката влада во попладневните часови, што е за 20 повеќе од вчера.
Приоритет во идните мерки што треба да се преземат ќе биде да се заштитат најранливите групи за време на епидемијата и да се обезбеди дека државата, инфраструктурата и економијата можат да функционираат во вакви услови, рече новиот словенечки премиер Јанез Јанша по состанокот на државниот врв и кризниот штаб. Преземените мерки досега ќе се доградуваат во зависност од ситуацијата, во договор со медицинската професија и одлуките на ЕУ, рече тој.
Јанша се заблагодари на медицинскиот персонал, локалните заедници и другите актери за големите напори што ги вложуваат во спроведувањето на мерките и забавување на заразата а беше критичен кон претходната влада, велејќи дека неговиот тим затекнал лоша состојба.
Меѓу најголемите проблеми, тој наведе недостиг на заштитни средства и опрема, особено маски и респиратори за болници, што сега е приоритет на кој ќе работи владата, така што во следните неколку дена ќе се набави најголем дел од потребната опрема.
На болниците, пензионерските домови и оние кои работат со клиенти, најпрво ќе им биде обезбедена заштита, а само кога тоа ќе се обезбеди, може да се исполни ситуацијата кога ќе бидат ублажени ригорозните мерки, рече Јанша.
Во врска со тестирањето на коронавирусот, Јанша оцени дека проблемот е во тоа што тестирањето започнало предоцна и дека требало да започне веднаш откако фокусот станал соседна Италија.
На крајот на неделава, парламентот треба итно да донесе, во втората фаза на нови владини мерки, збир на закони за да им го олесни работењето на деловните претпријатија за време на епидемија, преку ослободување или одложување на даноци и други обврски, за да се заштитат работните места, а потоа да дојдат ред и закони за ситуацијата поврзана со пандемијата на коронавирус, и ќе зависи од околината и одлуките на Европската унија, рече Јанша.
„Тековната состојба во Словенија, Европа и светот не е споредлива со ништо друго. По оваа епидемија, светот ќе биде различен“, рече Јанша.
Претседателот Борут Пахор седницата на државниот врв рече дека е сигурен дека Словенија ќе победи по кризата со коронавирус и дека кризата ќе заврши порано или подоцна, додека претседателот на парламентот Игор Зорчиќ повика на одржување политичко единство.