Во Словенија од 29 нови случаи, 22 се помлади од 34 години

од Vladimir Zorba

Во Словенија потврдени се 29 нови заразени со Ковид-19 во последните 24 часа од 856 направени тестови, два помалку од претходниот ден, објави словенечката влада во четвртокот.

Состојбата во болниците е подобра и од претходниот ден, така што во моментот се хоспитализирани 19 пациенти примени со Ковид-19, што е за четири помалку од претходниот ден, а само двајца пациенти се во единицата за интензивна нега.

Пет пациенти се отпуштени од болничко лекување на домашна нега во последните 24 часа, а не се пријавени нови смртни случаи во тој период, соопшти Министерството за здравство.

Според ажурираните податоци, во Словенија моментно има 193 активни заразени лица, а инфекции се регистрирани во последните 24 часа во 21 општина, претежно во самата Љубљана, каде имало пет.

Меѓу новозаразените, 22 од нив се во возрасна група до 34 години.

Неодамна, во Словенија се забележува тренд дека има повеќе млади заразени отколку на почетокот на епидемијата во март и април, кога постари лица се разболува.

Словенечката влада ги негираше шпекулациите дека почетокот на учебната година може да се одложи, наводно за две недели.

Нормално е учебната година да започне на 1 септември, а не на 15-ти, рече портпаролот на словенечката влада задолжен за Ковид-19, Јелко Кацин, особено предупредувајќи ги родителите на децата на одмор во „црвените“, епидемиолошки најризични региони и дестинациите да се вратат навреме во Словенија, така што децата не би ризикувале обврска за 15-дневен карантин и да доцнат со почетокот на образовниот процес.

Слични содржини