Во Словенија потврден првиот случај на коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Официјално е потврден првиот случај на лице заразено со новиот коронавирус во Словенија, објави премиерот во оставка Марјан Шарец, кој на социјалните мрежи објави дека корона вирусот се појави и во Словенија.

– Откриен е првиот случај на коронавирус кај нас. Министерот Шабедер набрзо ќе даде изјава со сите детали, напиша Шарец.

Инаку, Словенија до вечерва беше една од ретките држави во регионот каде што немаше потврден случај на коронавирус.

Слични содржини