Во Собранието ќе се дебатира за државната матура

од Берта Китинска
181 прегледи

Денеска ќе се одржи дебата за полагањето на државата матура на иницијатива на Клубот за младински прашања и политики во Собранието.

Како што е најавено, на дебатата ќе присуствуваат претставници на Сојузот на средношколци, претставник на Министерството за образование, но тоа нема да биде министерката Мила Царовска, со оглед на тоа што е во самоизолација, пратеници.

Средношколците бараат наместо четири да полагаат два предмети за државна матура.

Тие пред неколу дена Сојузот имаше средба со премиерот Зоран Заев  по која беше соопштено дека постои волја за да се изнајде решение за проблемот со МОН.