Во Собранието утре ќе се расправа за имунитетот на Вељаноски

од desk2

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања утре ќе расправа за барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, Седницата на комисијата со која претседавач е пратеникот Павле Богоевски е закажана за 10 и 30 часот.

Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Вељаноски е осомничен во истрагата на јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година.

Слични содржини