Во Србија 10 починати и 359 заразени во последните 24 часа

од Aleksandar Petrovski
278 прегледи

Во последните 24 часа, уште 10 лица починале од коронавирус во Србија, а други 359 лица се заразиле, објавено е на прес-конференцијата на Кризниот штаб.

Уште 8349 лица биле тестирани во последните 24 часа. На респираторите има 190 луѓе, а 4762 пациенти се хоспитализирани.

Според министерот за здравство, Златибор Лончар, во Србија има 6.623 активни случаи на коронавирус, од кои 4.772 пациенти се хоспитализирани.

Досега, од последиците на коронавирусот во Србија починале 482 лица, вкупниот број регистрирани случаи е 21.253, од кои 14.148 лица се излечиле.