569
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани уште 3.236 новозаразени со ковид 19, а 44 пациенти починале како резултат на инфекцијата, покажуваат најновите податоци на страницата covid19.rs.
На респиратор се наоѓаат 269 пациенти, а вкупно 9.014 се хоспитализирани.
Од вчера до денес се тестирани 14.444 лица, а од почетокот на епидемијата вкупно 2.283.406.
Вкупно 3.163 лица починале од последиците на инфекцијата, а стапката на смртност е 0,94 проценти.