266
Сеизмолошкиот завод на Србија регистрирал земјотрес во текот на ноќта на западот на Србија, на територијата на Чачак.
Како што е соопштено, земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала, а бил регистриран пред нешто повеќе од три часа.
Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод, пренесе „Новости“.