Во Србија се продава ракија „Александар Вучиќ“ (фото)

од Nikola Popovski

Неколку видови на ракија се достапни на српскиот пазар, со имињаta на претседателот Александар Вучиќ и неговиот брат, Андреј Вучиќ.

Кабинетот на Вучиќ рече дека „првпат слушнале за ракијата со името на претседателот“. Неговиот брат Андреј одбива коментар за ракијата „Српска тројка од Андреј Вучиќ“.

„Во владејачката Српска напредна партија разбраа дека трезен човек не може да го слуша нивниот лидер Вучиќ“, рече лидерот на опозицијата, Бојан Пајиќ, за новата ракија.

Поранешниот претседател Томислав Николиќ пред неколку години порача специјална серија шишиња со ракија во фабриката во Парачин од бугарскиот банкар Цветан Василев.

Слични содржини