
ДУИ во општините каде нема свои кандидати ќе ги подржи предложените градоначалници од СДСМ во согласност со досегашната пракса за меѓусебна подршка на владината коалиција за време на локалните избори, рече портпаролот на изборниот штаб на ДУИ Арб Адеми
Во седиштетото на ДУИ во Мала Речица, Централниот изборен штаб оствари средба со кандидатие за градоначалници и носителите на советничките листи од оваа патртија, каде се разговарало за добро и фер организирање и спроведување на изборите, информира Телма.
ДУИ на локалните избори, ќе учествува со 18 кандидати за градоначалници и 35 листи на советници. Во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар, ДИУ ќе се трка со актуелните градоначалници на овие општини Теута Арифи, Невзат Бејта, Фатмир Дехари и Ружди Љата. За Струга го номинираше министерот без ресор Рамиз Мерко.
За општина Чаир, ДУИ и официјално го номинира Висар Ганиу. За Арачиново Исуф Бислими. ДУИ одлучи да нема кандидат за градоначалник за град Скопје. Останатите три партии на Албанците ќе се тркаат за главниот град. Движењето Беса ќе настапи со Нафије Селмани, Алијансата за Албанците со Наим Бајрами а од ДПА со Беким Фазлиу.
Беса за Тетово го кандидира претседателот Биљал Касами, кој веќе си поднесе оставка од пратеничката функција за Гостивар Асаф Адеми за Дебар Џемаил Цупи.
Алијансата за Албанците во Тетово ќе се трка со Аднан Незири, во Гостивар со Арбен Таравари во Дебар со Арбен Аголи. ДПА за Тетово го номинира Бардуљ Даути за Дебар Аљти Села, за Струга Плумб Влаши а за Гостивар Сабајдин Изаири.
Во Кичево Движењето Беса, Алијансата за Албанците и ДПА ќе го подржат кандидатот на ДУИ Фатмир Изаири. Политичките партии на албанците во општините Гази Баба, Битола и Охрид ќе настапат со заедничка советничка листа.