Во тренд се големи шноли: Еве како да ги носите на вашата коса

од desk2
264 прегледи

Големите шноли се еден од најголемите трендови за фризури во 2019-та година, а со доаѓањето на летото, овој моден додаток се чини попривлечен од кога било.

Во тренд се големи шноли: Еве како да ги носите на вашата коса

Доколку ви здодеа да ја носите косата на ист начин секој ден, а сакате набрзина да направите ефективна и впечатлива фризура, шнолите се идеалниот додаток за тоа. Притоа важи правилото што поголеми – толку подобро.

Со нивна помош брзо и едноставно можете да ѝ дадете wow ефект на вашата фризура, а одговараат за кежуал излегување во град, како и за завршен ефект на гламурозните фризури за посебни прилики.

Одлично е што може да се носат на секоја должина и текстура на коса. Бидејќи се цврсти, можат добро да стојат на кратка пикси фризура, како и на брановидна коса или коса собрана во пунџа.

Она што е особено атрактивно кај овој тренд е што е многу практичен. Дава свеж изглед додека истовремено ја држи пуштената коса тргната настрана од лицето. Во комбинација со полуподигната фризура пак, овие шноли даваат младешки изглед, а на елегантната пунџа ѝ додаваат префинетост.

Погледнете ги овие девојки кои креативно употребиле разни големи шноли на својата коса. Ви се допаѓа овој тренд?

https://www.instagram.com/p/Bfgw6Q5B0xH/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BwJipvKnXWJ/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BxZ0mHtnT1x/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BxKeBW1BHQL/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bf0_gSMjo-u/?utm_source=ig_embed