Во Црна Гора одреден притвор за лице кое објавило список на болни од Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Едно лице осомничено дека споделило список на болни преку Вибер е задржано во притвор 72 часа, јавија локалните медиуми.

М.Р. е осомничен дека како службено лице задолжено за податоци за болни од Ковид-19 го испратил списокот со податоци преку Вибер на други лица.

Во меѓувреме основен суд во Белград осуди на 19 месеци домашен затвор лице кое ги прекршило мерките за самоизолација.

Осудениот на 14 март влегол во Србија, а во понеделникот бил уапсен откако бил во аптека иако не смеел да излегува од дома.

Слични содржини