Во Турција се уапсени 218 лица осомничени за недостатоци во изградбата на зградите кои се срушија во земјотресите кои го погодија јужниот дел на земјата на почетокот на февруари.
Во рамките на истрагата што ја покрена обвинителството, утврдена е одгонорност на вкупно 869 лица, јавува агенцијата „Анадолија“.
Досега се уапсени 218 лица, а по уште 151 осомничен се распишани потерници.
Утврдено е и дека 31 осомничен не е жив, а петмина се во странство.
Како што соопштија од обвинителството, 81 осомничен по давање исказ биле пуштени на слобода.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари се искачи на 45.089, соопшти вчера Државната агенција за управување со катастрофи (АФАД). Повеќе од 13 милиони луѓе во Турција беа погодени од земјотресите, како и многу луѓе во северозападна Сирија.