Во Украина ПОЛИЦИСКИ ЧАС и на новогодишната ноќ

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Полицискиот час во Украина нема да биде укинат ниту на новогодишната ноќ, соопшти денеска претставничката на Националната полиција, Маријана Рева.

Таа посочи дека за прекршување на полицискиот час може да одговараат оние кои се на улица на новогодишната ноќ, пренесува „Интерфакс Украина“.

Рева изјави дека употребата и продажбата на пиротехнички средства е практично забранета на целата територија на Украина и предупреди дека полицијата ќе реагира на вакви случаи.

Слични содржини