Во Узбекистан 23 лица прогласени за виновни за смртта на 68 деца, ги отруле со сируп за кашлица

од Radmila Tasevska

Судот во Узбекистан денеска прогласи 23 лица за виновни за смртта на 68 деца во врска со употребата на сируп за кашлица произведен од индиската компанија „Мерион Биотек“.

Директорот на филијалата на компанијата во Узбекистан, Синг Раги Пратар е осуден на 20 години затвор.

Судот одлучи семејствата на секое од 68-те деца кои починаа поради употреба на сирупот да добијат отштета од 80.000 долари.

Слични содржини