Во Венецуела денеска се одржува референдум за анексија на голем дел од соседна Гвајана

од Vladimir Zorba

Венецуела денеска одржува референдум за одлучување за иднината на голем дел од соседна Гвајана, за која венецуелската влада тврди дека била украдена кога границата север-југ била исцртана пред повеќе од еден век.

Гвајана смета дека референдумот е чекор кон анексија.

Референдумското прашање е дали Венецуелците поддржуваат формирање држава на спорната територија позната како Есекибо, давање државјанство на сегашните и идните жители на областа и отфрлање на јурисдикцијата на највисокиот суд на Обединетите нации за решавање на споровите меѓу двете јужноамерикански земји, објави АП.

Слични содржини