Напаѓачот е застрелан 5 пати
Паника ја тресе француската престолнина Париз, по најавата заинцидент во еден од најпознатите музеи во светот – Лувр. Претходно, како што веќе информиравме светските медиуми објавија дека француски војник пукал во во вооружен со нож маж кој се обидел да внесе актовка во музејот Според извештаите на Твитер напаѓачот е застрелан 5 пати.

Музејот и околината околу него биле евакуирани. Затворена е и најблиската метро станица. Сепак портпаролката на Лувр изјави дека “музејот е затворен за малку”. Очевидци на “Твитер” соопштуваат дека на туристите им е наредено да седнат на подовите на салите и да останат смирени.
![]()
Сеуште не е јасно каква е состојбата на жртвата и што имало во актовката.
Во моментов местото е полно со полиција, а командосите се опремени со панцири. Сеуште не се прецизира дали станува збор за терористички напад.