Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид пристигнаа во Скопје.

Реал Мадрид пред половина час слета на Аеродромот Александар Велики, а се очекува да допатува и екипата на Манчестер Јунајтед. Во пресрет на утрешниот натпревар двете екипи вечерва ќе одржат отворени тренинзи. На арената Филип Втори прв ќе тренира Манчестер Јунајтед, со почеток во 17:30 часот, а тренингот на Реал Мадрид ќе започне во 19:30.
Инаку, УЕФА испрати допис дека на утрешниот меч ќе биде дозволено внесување на знамиња единствено на клубовите финалисти, како и Националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат, Шпанија и Англија. Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени.
Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки. Според најавите од скопскиот аеродром, денеска до 15 часот се очекуваат неколку чартер летови со навивачи од Англија и Шпанија.
https://www.facebook.com/RealMadrid/videos/10151344468414953/