ВО ЖИВО: Продолжува седницата на Собранието за уставните измени

од Vlatko K
102 прегледи

https://www.facebook.com/MakedonskaInformativnaAgencija/videos/2094566924167837/

Дополнето:

Преносот од МИА прекина бидејќи седницата, и покрај тоа што беше најавена за во 21 часот се уште не почнува. Кога ќе продолжи седницата ќе се вклучиме повторно, а овој текст ќе биде обновен со нов видео пренос.

Во меѓувреме, следете ја отворената програма на ТВ24 од каде исто така се очекува вклучување во Собранието.

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/2177345592588080/

Седницата на Собранието за уставните измени, по повеќе одложувања сепак треба да се одржи вечерва во 21 часот. Не е познато дали вечерва ќе се гласа или само ќе продолжи дискусијата.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение кажа дека „согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку. До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена“.

Вечерва премиерот Зоран Заев, кој подолго време беше во Собранието го напушти и најави дека ќе оди во владата, велејќи дека се прават обиди да се обезбеди мнозинство за гласањето за уставните измени.