(ВО ЖИВО) Во Романија станува страшно: Министрите излегуваат од владината зграда со големо полициско обезбедување

од desk2
90 прегледи

Има апели за напад на владината зграда во Букурешт.


Во Букурешт започна уште една вечер на моќни протести. Се очекува и овој пат над 150.000 Романци да ги блокираат владините згради. Има апели и за напад на Министерскиот совет.

Стана јасно дека полицајците имаат симпатии кон демонстрантите. Униформирани ги опколија во кордон зградата и ги изведуваат со министрите и службениците.

Романците се вознемирија од намерата на владата да прогласи амнестија за еден куп осудени криминалци – меѓу нив и многу корумпирани политичари.

Објаснувањето беше дека затворите се преполни и требало да се платат казни од Европската унија.

Другото што направи кабинетот е да донесе одлука за омекнување на пресудите за корупција.

Во меѓу време романската влада објави дека нема да ја повлече одлуката, декриминализирани се некои корупциски кривични дела, изјави премиерот Сорин Гриндјану, цитиран од агенциите.

Измените, овозможуваат бројни политичари да избегнат гонење за злоупотреба на службената положба, кои предизвикаа масовни протести низ целата земја, како и критики од меѓународните партнери на Романија.