ВО ЖИВО: Заврши државната церемонија за погребот на кралицата, ковчегот ќе биде пренесен во Виндзор

од Stefanija Kuzmanovska

Државната погребна церемонија на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија, на која присуствуваат околу 2.000 гости, меѓу кои и членови на кралското семејство, заврши со интонирање на националната химна и свирење тажалка на кралските гајдаџии.

Во чест на кралицата се одржаа две минути молчење, а четворица државни трубачи го отсвиреа „Последниот поздрав“ на кралицата.

Елизабета Втора почина на 8 септември, а се очекува денеска на улиците на Лондон да има милион луѓе, кои ќе ја придружуваат кралицата до нејзиното вечно почивалиште.

Слични содржини