Тимот на Голден Стејт забележа декласирачка победа над Лос Анџелес Лејкерс со 144: 98 дома во Окленд.

Херој за тимот на “Воини” е Стеф Кари, кој нанижа 43 поени на кои придодаде 9 скока и 6 асистенции. Кевин Дурант заврши со 23 поени, 4 скока и 7 завршни подавања. За гостите Блејк Грифин постигна 20 поени. Во друг дуел од НБА Ерик Бледсоу постигна 41 поени, но неговиот Феникс Санс загуби на свој терен од Денвер со 112: 123. Данило Галинари стана најпрецизен за победниците со 32 поени. Пораз дома доживеа и Милвоки, кој отстапи пред Бостон Селтикс со 108: 112 по продолжение. Ајзеј Томас реализира 37 поени за “Келтите”.