„Војна“ меѓу Анџелина Џоли и блогерот Перез Хилтон

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

По објавувањето на информацијата дека се разведува од Бред Пит, Анџелина Џоли наводно му се заканила со тужба на познатиот блогер Перез Хилтон, кој пишуваше за нивната разделба.images-59

Адвокатите на Анџелина испратиле мејл до Перез и побарале од него да ја промени содржината на еден објавен напис за нивната клиентка. Мејлот „многу го вознемирил“ блогерот, кој потоа го објави на социјалната мрежа Инстаграм, пропратен со пцовки.

– Ве молам оваа порака да и ја пренесете на Анџелина Џоли лично. Таа знае дека сум нејзин голем обожавател и дека ја поддржував. Ако таа не сака да станам нејзин непријател, јас барам извинување. Ништо нема да променам. Ако сакате да ме тужите, мојот адвокат е Брајан Фридмен. Јас не направив ништо илегално. Стојам сто отсто зад мојот извештај, напиша Хилтон