Вонреден надзор во Битолската болница после смртта на 6-годишното девојче

од Nikola Popovski
221 прегледи

Директорот на Битолската болница е на пат кон Скопје каде треба да се состане со министерот за здравство, откако вчера во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

Според премиерот Димитар Ковачевски, веќе е почнат вонреден надзор за тоа што се случило во Битола.

-Информирано е и Јавното обвинителство. Сите детали, откако ќе ги имаат, ќе бидат споделени со јавноста, тие треба да се врз основа на факти, да се утврди објективната состојба и врз основа на нив да се направат соодветни санкции таму каде ќе биде потребно во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед, посочи премиерот.

ЈЗУ Клиничка болница-Битола вчера ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат.

Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.

Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека девојче на 6-годишна возраст кое живее во битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Слични содржини