Вообичаени грешки кои повеќето родители ги прават кога им даваат лекови на децата

од Stefanija Kuzmanovska
424 прегледи

Родителите никогаш не треба да ги нарекуваат таблетите „бонбони“ кога се обидуваат да ги охрабрат своите деца да ги земаат лековите, предупреди експерт за безбедност.

Иако тоа е одлично краткорочно решение, може да ги стави децата на ризик од потенцијално фатално предозирање во иднина, вели Стив Браунет-Гејл од компанијата за пакување лекови.

„Кога вашето дете е болно и покрај вашите најдобри напори не сака да го проголта лекот, може да биде примамливо и лесно да ги наречете таблетите ‘бонбони’“, вели тој, додавајќи дека ако вашето дете некогаш дојде до лекот без надзор, нема да сфати дека треба да го зема само кога е болно и во одредена доза.

Тој додава дека треба да го научите вашето дете за безбедно користење на лекови уште од мали нозе и да се погрижите да го пофалите и наградувате кога ги следи правилата за поттикнување на добро однесување.

Браунет-Гејл, исто така, ја нагласува важноста на чувањето на лековите во нивното оригинално пакување.

„Децата се природно љубопитни и го гледаат светот поинаку“, вели тој, додавајќи дека може да биде многу опасно ако фатат нешто што не треба, мислејќи дека тоа е играчка или бонбона.

Според податоците на NHS, од сите евидентирани деца примени во болница поради труење, 70 отсто се поради случајно земање на лекови, пишува The Sun.

„Запомнете, чувајте ги сите лекови подалеку од дофат на децата, високо на полица или во заклучен ормар“, нагласува Браунет-Гејл.

Слични содржини