Восочна фигура на Доналд Трамп поставена во Музејот „Мадам Тисо“ во Берлин

од desk2
272 прегледи

Восочна фигура на претседателот на САД, Доналд Трамп претставена е на јавноста во Берлин.


Фигурата на Трамп е поставена во музејот „Мадам Тисо“ во Берлин на 17 октомври, а на правењето на ликот на американскиот претседател во негова природна големина учествуваа 16 луѓе.

Неговата статуа е поставена веднаш до статуата на поранешниот претстедател на САД, Барак Обама.

Пред поставувањето во музеј, статуата ги помина познатите знаменитости во Берлин пред кои е фотографирана.

Неговиот надворешен изглед се пантолони со висок појас, сако во темно сина боја и специфичната бујна фризура. Трамп има палец погиднат на горе.